Како и секоја успешна компанија, Фабрика Карпош својот иден развој го бара во изнаоѓање и прифаќање на нови трендови во архитектурата и градежништвото. Развојниот концепт се темели на анализа, истражување, согледување на модерните барања на инвеститорите, стремеж кон нивно задоволување на најбрз, најекономичен и секако најквалитетен начин.
Основната тенденција кон што се стреми Фабриката е:
- Економичност на инвестицијата за изградба на објект
- Брзина на градба
- Квалитет на употребниот материјал
Фабричкото производство на бетонски елементи дава одговор на сите барања на новите, современи инвеститори. Во склад со актуелните барања на пазарот во моментот тимот на Фабрика Карпош работи на два нови проекти:
1. Монтажни армирано бетонски семејни куќи, (со цел за брзо решение на станбеното прашање на жители од социјално загрозени подрачја)
2. Вградување на подземни контејнери за комунален и селектиран отпад (проект кој е баран и поддржан од поголем број урбани општини во Р.Македонија, а во целост е во склад со новите трендови на чиста и незагадена средина).