Индустриски објекти

Фабриката Карпош во текот на своето постоење изработува станбени објекти како крупнопанелен систем и монтажни индустриски објекти, погодни за различни типови производен простор, но и за магацински простор, оформен по желба и барање на инвеститорот.

Крупнопанелните монтажни згради тип „Карпош” се изведуваат како П+4+П, П+10, индивидуални семејни згради, згради во НИЗ и други комбинации. Овој флексибилен систем дава можност за градба на повеќе објекти со различни намени и со променливи висини и ширини на објектите.

Структурата на становите е од еднособни до повеќесобни
по желба на инвеститорот. Монтажните згради се состојат од подолжни и попречни дијафрагми, монтажни елементи цврсто врзани меѓу себе со специјални врски. Надворешните ѕидови се со дебелина д = 25 см, и со термичка изолација д = 6 см. Внатрешните ѕидови се со дебелина д = 14-16 см и преградни со д = 6-8см.

Обработката на фасадата и на покривот е можна со сите видови класични и современи материјали, по
желба на инвеститорот. Индустриските објекти, главно, може да се разделат во два типа:

ПРОГРАМА А
Армиранобетонска монтажна конструкција систем „Карпош”, програмата А е наполно монтажна конструкција. Конструкцијата се состои од: столбови, примарни и секундарни Т-носачи, лакови со затега, коруби и фасадни платна, темелни греди и стопи. Распоните кои се совладуваат со овој систем се од 16 до 24 м.

ПРОГРАМА Б
Армиранобетонска монтажна конструкција систем „Карпош”, програмата Б е наполно монтажна конструкција, составена од столбови, главни носачи, темелни греди, ивични венци, рожници, фасадни платна и стопи. Распони кои се совладуваат со овој систем се од 6 од 18 м.

Конструкцијата нуди флексибилност во основа и по висина, а можни се и комбинации од двата система. Елементите се изработуваат на индустриски начин во метални калапи по важечки прописи и под постојана контрола во сопствена лабораторија.

Фасадните елементи се топлотно изолирани со стиропор со д=5-7 см, по барање на инвеститорот. Објектите се проектираат како еднобродни , двобродни и повеќебродни монтажни армиранобетонски конструкции. Конструкцијата на халите во попречниот правец е проектирана со распони И1 (20-24)м со вкупна должина, во зависност од проектот.

Во подолжен правец главните армиранобетонски носачи рамки се поставени на осно растојание И23-6м и со вкупна должина, во зависност од проектот, поврзани со подолжни армиранобетонски секундарни осачи со должина од 3 до 6м. На тој начин е формирана просторна рамка. Во подолжниот правец се формираат армиранобетонски рамки со распони зададени во Главниот проект.

По монтажата на армиранобетонските темели, армиранобетонскистолбови се поставуваат во чашките по што врската темел-столб се монолитизира со залевање на спојот со ситнозрнест бетон МБ-30 со максимално зрно на агрегатот д=16мм. На тој начин е обезбедено вклештувањето на столбовите во темелите.

Армиранобетонски подолжни греди налегнуваат со ребрата во посебно изработени жлебови на столбовите. Подолжните греди меѓу себе се поврзуваат со заварување на арматурата и со изработка на тн. “мокра” врска, односно со залевање на врската. Главните армиранобетонски носачи налегнуваат врз столбовите односно подолжните армиранобетонски греди и се поврзуваат, монолитизираат меѓу себе со мокри врски.

Затворањето на објектот е со монтажни армиранобетонски фасадни платна, кои се прицврстуваат за столбовите со заварување за челични плочки кои се оставени по висина на столбовите. Предноста на овие системи се мали димензии и тежини на елементите, добра статичка искористеност на елементите, брза монтажа, можност за етапно градење и економска конструкција. Затоа, погодни се за изградба на производни погони, складишта, стопански објекти, спортски и други видови на објекти.