Трафостаници

Армиранобетонските трафостаници тип ”Карпош“ од 10-20/04 КЊ, 1000 КВА се предвидени како типски објекти изградени од префабрикувани армиранобетонски монтажни елементи наменети за дистрибутивни и индустриски погони со напон од 10-20/04 КЊ. Трафостаниците се димензионираат според градежните норми за ваков вид објекти земајки ги предвид најнеповолните климатски услови.

Елементите се армиранобетонски излиени од бетон МБ30, а во кровните елементи има и додаток за водонепропустливост. Површината на армиранобетонските елементи остануваат во натур бетон, мазни и без шуплина. За урбанистичко вклопување на објектите може да се изведат во различни бои по желба и по потреба на инвеститорот. Браваријата, (врати и венталациски отвори на фасадни платна) е изработена од алуминиум. Кај отворите за вентилација од внатрешната страна е поставена ситна мрежа, со што се спречува навлегувањето на надворешни предмети и животинки.

Сите врати се отвораат нанадвор и се опремени со брави кои однатре се отклопуваат без клуч, а однадвор со сериски клуч пристапен само на одговорните лица. Решетките за вентилација на покривот се изведени од рамки од плосно железо со истегната мрежа.

Монтажата на трафостаницата се врши по следниот редослед:

На подготвена подлога(израмнета) и поставен слој од песок 10 см. се поставува по една монтажна бетонска плоча со дим. 80/80/10 см, со што се постигнува приспособување на различната носивост на подлогатата.

Над темелните плочи се поставуваат темелни чашки. Откако ќе се изнивелираат, се поставуваат темелни греди и кабловници. Потоа подот се поплочува со бетонски плочки.

Вентилацијата на трафокомората во целост е со природно струење на воздухот, преку отвори на самите платна на висина од подот 20 см. и отвори под покривната површина.

Времетраењето на монтажа на градежниот дел е ограничено на три дена, а тоа е постигнато со самата форма на елементите, начинот на монтажа и тежината. Конструктивното решение овозможува монтажа, односно демонтажа без тоа да влијае на квалитетот на елементите на објектот, т.е. на статичката сигурност, естетски изглед и формата на истата. Конструктивното решение на темелите овозможува воведување на каблите во објектот од кој било правец и кое било место, без да се наруши стабилноста на објектот. Истите се спроведуваат со кабловница.

Под високонапонскиот блок и нисконапонската табла предвиден е простор за развод на каблите како и меѓу нив простор за пристап на истите и работа на нив. Елементите кои ја сочинуваат трафостаницата, односно изборот на материјал и квалитет на изработка, овозможуваат лесно одржување и вклопување во околниот простор.