Далекoводи

Фабриката „Карпош” како дел од својата програма опфаќа и производство – монтажа на сите видови далноводни столбови и водови. Далноводните столбови се изработуваат со центрифугирање од армиранбетон со прстенест пресек и со конусен облик. За нисконапонски (04 KW), високонапонски (10 KW, 35 KW, 110 KW) и мешовити (од 10 KW – 0.4 KW) далеководи.

Висината на столбовите е променлива и се движи од 9м (за 0.4 KW), 12м.(за 10 KW) и од 14-21м.(за 35-110 KW). Сите столбови се опремени со конзоли и прстени за укрутување како и со сите потребни мутери за заземјување. Столбовите се изведуваат како линиски, носиви или аголни за 20о, 40о, 60о (специјални). Темелењето на далноводните столбови се изведува со темели самци под секој столб. За реконструкција на постојните дрвени водови и изградба на нови се користат армиранобетонски ногарки тип „Карпош”.