Мостови

Производството на елементи за армирано бетонски мостови опфаќа: мосници тип “Карпош”, армирано бетонски колови, армирано бетонски центрифугирани столбови, украсни платна, кабел цевки и ивичници.

Армирано бетонските колови и столови се користат за формирање на долниот дел на мостот. Мосниците, украсните платна, кабел цевките и ивичниците го прават горниот строј на мостот. Мосниците се изработуваат во распон од 2-15m. Нивниот статички систем е проста греда. Пресметката на мосниците е извршена со товари согласно Правилникот, и тоа:

– со возило од 600kN за пат од прв ред

– возило од 300kN за пат од втор ред

Коловите се прават со должина од 12m. Се поставуваат на растојание од 0.90-1.20m во зависност од носивоста на тлото. Столбовите се изработуваат два типа:

– Тип “А”, со константен пресек од 0.36m и д=4.0-8.0m

– Тип “Б”, со променлив пресек со должина од 4.0-8.0m

Можна е изработка по порачка на сите елементи од мостот.