Готов бетон

За производство на бетон се користи современа компјутерска постројка БСА60-СИМИ со автоматски режим на работа и со тежинско дозирање на составните материјали. Мешалката е со капацитет 1500л. Се произведува обичен бетон, пумпан бетон, бетон со посебни својства а се постигнуваат марки на бетон од МБ15 до МБ60. Капацитет 60m2 / час. Целосното производство на бетон се следи и контролира во Лабораторија која е составен дел од Фабрика Карпош.