Историја

  • 1948

    Основана е Фабрика Карпош, како претпријатие од републичка важност

    Сé започна далечната 1948година. Потребна е забрзана изградба на разрушената земја по Втората светска Војна. На 11 февруари, со решение бр.1334, донесено од Владата на Народна Република Македонија, предлог на министерот за индустрија и рударство, основано е претпријатието – Фабрика за бетонски производи Карпош, во населбата Ѓорче Петров, како претпријатие од републичка важност. Името го доби по народниот херој Христијан Тодоровски Карпош. Земени се 4 стари објекти , кои се адаптирани во погони. Истата 1948 година монтирани се два мостовски крана од 5 и 10 тона, кои се добиени како подарок, за работа во погонот Центрифуга. Се започна со производство на бетонски столбчиња за лозарство и бетонска галантерија.

    Основната суровина за производство на бетон, песокот, се добива од сепарацијата на реката Лепенец, за кој со испитувања на сите реки од тогашна Југославија е окарактеризиран како најквалитетен.

    Производството постојано се осовременува, се купуваат нови машини, фабриката се развива.

  • 1963

    Црн ден за градот Скопје. Речиси 80% од градот е разурнат

    26 јули 1963година. Црн ден за градот Скопје. Речиси 80% од градот е разурнат, 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Разурнати се многу индустриски капацитети.

    Владата на СССР испрати цела фабрика за крупно панелни згради. Фабриката е со максимален капацитет од 1200 стана годишно, со вкуна станбена површина од 35000 метри квадратни. Дадена му е на Карпош.

    Расте подемот на Фабриката, расте бројот на вработени, се зголемува стручниот кадар. Се гради низ цела Македонија и Југославија. Габаритот на една зграда од два влеза се крева за 18 дена.

    Ова е почетокот кој подоцна го одведе Карпош до дизајн и производство на други видови на монтажни елементи за изградба на станбени згради, семејни куќи, индустриски објекти, стопански објекти и мостови.

  • 1966

    Производство на столбови за електрични далноводи

    Со производство на столбови за електрични далноводи се започна во 1966година. Производството е наменето за цела Југославија.

  • 1968

    Изграден е првиот индустриски објект

    Првиот индустриски објект е изграден во 1968година, во Приштина за потребите на фабриката Косовка.

  • 2015

    Развојот на Фабрика Карпош од нејзиното основање до денес

    Развојот на Фабрика Карпош од нејзиното основање до денес оди во нагорна линија, затоа што се води на три основни принципи:

    • Специјализирани производи,
    • Постојана модернизација
    • Усвојување на нови технологии и истражувања.

    Развојот е поддржан со давање на техничка помош, постојано усовршување на кадарот и ефикасна логистика. Растежот на фабриката отсекогаш бил и е со целосна почит кон човековата средина.