Александрија – Нова Еко Населба

На простор од 150.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек започна да  се гради нова населба во Скопје.

Новата населба е лоцирана на само 5 километри од центарот на Скопје кој е поврзан со постоечки и новопредвиден булевар и на само 150 метри од кружниот тек кај Порта Влае. Овој простор има постоечка здравствена, трговска и социјална инфраструктура кој со новопредвидената урбанизација на просторот и многу зеленило, оваа населба  ќе биде идеален избор за секое семејство. Исто така во населбата ќе има и голем број на игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензиски пумпи, градинка, и многу други содржини.

Населбата се наоѓа и на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје.

Почетокот на изградба на оваа  населба е предвиден за месец Мај, а првите станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви до крај на 2017 година. Oваа  населба единствена од ваков тип која нуди врвен квалитет на живеење и современи услови за секое семејство да сечувствува комотно и пријатно во својот нов дом. За сите подетални информации можете да го контактирате нашиот тим на 071 371 795

ИНФО ЗА ПРОЕКТОТ

Инвеститор Фабрика Карпош
Локација Општина Ѓорче Петров
Површина 150.000 м²
ГОДИНА НА ЗАВРШУВАЊЕ 2017