Емпорио е првиот современ трговски и бизнис центар во Македонија, резултат на јавно – приватно партнерство помеѓу општина Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет.
Објектот е конципиран како Бизнис центар, со низа на различни комплексни содржини. Поради разноликоста на функциите коишто треба да ги опфати центарот, направена е функционална поделба по хоризонтала и вертикала, со јасно диференцирање на содржините, пристапите до одредени функции се третирани према очекуваниот број на посетители.
Приземјето е воведната влезна партија кон центарот. Двата “главни” пешачки влеза се поставени така да ги примаат сите посетители од двата најочекувани правци, обединувајќи ги во импозантни влезни холови галериски отворени низ 2 ката. На приземното ниво на бизнис центарот распоредени се функции кои се очекува да обединат најмногу посетители. Токму затоа овде е проектирана главната пешачка улица, која ги опслужува трговските единици и комуникациите према деловните простории на катовите. Оваа улица има директен влез од паркингот на приземје, како и врска со паркингот од подрумскиот дел, преку екслатори, лифтови и скалишни јадра.
До влезот од јужната страна проектиран е кафе бар, како и на северниот пристап, со свои тераси во партерот којшто е конципиран како комбинација од парк и плоштад, со мноштво урбани елементи, водени површини, простор за собири итн.
Концептот на пешачка улица околу која гравитираат трговски и деловни содржини продолжува и на првиот кат од бизнис центарот, преку кој се доаѓа со ценрално поставени ескалатори, како и два лифта и 2 скалишни јадра. Преку оваа улица посетителите на центарот имаат можност да користат од трговските содржини, користат ресторантски услуги и од секој кат во секое време да имаат пристап кон деловните содржини.
На вториот кат оваа пешачка улица преоѓа во улица на ресорани (food court) која пак се испреплетува со деловниот дел, и до која може да се стигне од било кој дел на бизнис центарот на пауза за ручек, деловен состанок итн. На овој кат проектирана е и игротека за деца на вработените, со престој за цело работно време, со што се обезбедува квалитет на работа на вработениот, како и надгледување на детето за време на пауза итн, што е практика во сите европски и светски деловни центри. На ова ниво, проектирани се две кровни градини на западната и на северната страна, којшто придонесуваат за квалитетот на овој простор, како и квалитети на работа во општинската зграда којашто е директно во визуелна комуникација со овие две градини.
Третиот кат е проектиран како чисто деловен простор, океански тип, со директен пристап од две групации на вертикални коминукации или преку пешачките улици на подолните катови. Флексибилноста на овој простор дава можност да потенцијалниот закупец или повеќе закупци да можат да креираат деловен простор према своите потреби. Сите инсталации коишто се проектирани на овој дел, ја дозволуваат таа можност.
Четвртиот кат е идентичен со третиот, комплетно деловен простор , поделен на две деловни единици, со можност за промена доколку тоа го сакаат потенцијалните закупци на 3,4 или повеќе деловни единици. Треба да се спомене дека на трети и четври кат е повторно формирана градина, непроодна кровна површина озеленета и оплемента со екстензивни растенија. Овие карактеристични зелени површини кои се јавуваат на секој кат имаат за цек да го подигнат нивото на квалитет на просторот, здравјето на корисниците, како и микроклимата,, создравајќи еден квалитетен работен простор према највисоките европски и светски стандарди.
Петиот кат е деловен кат, со неколку деловни содржини. Мултинаменска сала, која го опфаќа источниот и јужниот дел од центарот, која може да се трансформира во конгресна сала, сала за семинари, коктели итн. На западната страна проектирани се 5 бизнис апартмани за потребите на Инвеститорот, за бизнис гостите (клиентите) кои доаѓаат од странство, или пак вработени на обука од другите градови од државата. Централно на овој кат, е проектиран уште еден дел, којшто има за цел да го подобри квалитетот на работа, претстојување на корисниците на центарот – фитнес дел со мини спа центар, за потребите на вработените којшто е веќе редовна практика во другите бизнис центри во светот. На овој начин им се овозможува на вработените во центарот да имаат комплетно покриени потреби, од храна, одмор, релаксација во финтес центарот, анимација за децата во Игротека и дневен престој на истите.
На секој кат има проектирано соодветен број на санитарни јазли, чајни кујни, како и тоалети за лица со посебни потреби.
Центарот опфаќа и две подземни нивоа.
На првото ниво проектиран е паркинг простор, до кој се доаѓа директно со влезно излезна рампа од улица Новопроектирана. На ова ниво се наоѓа и супермаркет, со простор за дотур на роба, санитарии за вработени, технички дел. На истото ниво има мали услужни дуќани од занаетчиски карактер (чевлар, клучар, хемиско чистење итн.) Во овој дел од подземното ниво се влегува директно од паркинг просторот или преку пешачкаа улица на приземјето, со ескалатори или лифтови
Второто подземно ниво е комплетно наменет за паркирање, како и за техничкиот дел (резервоари за спринклер, хидранти, машинска соба, електрособи итн.
Од подземните нивои, покрај вертикалните комуникации кои водат до центарот, проектирани се и ПП јадра кои излегуваат на партерниот дел.
Обезбедени се 235 паркинг места од кои 30 паркинг места на приземје, останатите во подземниот дел. Обезбедени се 3% од вкупниот број на паркинг места за лица со посебни потреби.
ИНФО ЗА ПРОЕКТОТ
ИНВЕСТИТОР | Општина Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет |
---|---|
АДРЕСА | бул. Ѓорче Петров |
ПОВРШИНА | 30.000 м² |
ГОДИНА НА ЗАВРШУВАЊЕ | 2016 |
ВЕБСТРАНА | www.emporiobusinesscentre.com |