ИНФО ЗА ПРОЕКТ
НАМЕНА | Погон за преработка на земјоделски производи |
---|---|
ЛОКАЦИЈА | нас.Маџари, Скопје |
ПОВРШИНА | Димензии 32.94/45.62 со површина 1505 м2 |
ДАТУМ НА ИЗВЕДБА | 1999 - 2000 година |
КОНСТРУКЦИЈА: Објектите се проектирани како монтажна армиранобетонска конструкција систем „Капош“. Осното растојание на модулите е 5м во подолжен правец, а во попречен правец објекот е поделен на три брода и тоа 8м, 16м и повторно 8м. Конструкцијата пам систем составен од монтажни армиранобетонски столбови, кои се вклештуваат во монтажни армиранобетонски темели со чашки. На столбовите се потпираат монтажни главни носачи со распон Л=8.00м и Л=16.00м. Подолжното укрутување на објектот се постигнува со армиранобетонски подолжни Т-носачи. Подолжните Т-носачи се со должина од Л=5.00м и Л=10.00м. Во долниот дел укрутување на конструкцијата се постигнува со армиранобетонски монтажни темелни греди и платна. Преку главните носачи се поставуваат армиранобетонскимонтажни рожници кои го носат кровниот покривач (сендвич лим). Затворањето на објектот е со монтажни армиранобетонски фасадни елементи- платна. Архитектурата на објектот произлегува од функцијата, предвидените содржини, распоредот и начинот на градба на истиот т.е. монтажен тип и тоа фасадни платна со украсни ребра и орнаменти во натур бетон (полни со прозори и врати), натстрешница за рампи и двоводен покрив од пластифициран ребрест лим.