ИНФО ЗА ПРОЕКТ
ИНВЕСТИТОР | ИМБ МЛЕКАРА а.д. БИТОЛА |
---|---|
ОБЈЕКТ | СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС МЛЕКАРА – ПРОИЗВОДСТВО |
НАМЕНА НА ОБЈЕКТОТ | ПРОИЗВОДНА ХАЛА |
ЛОКАЦИЈА | К.О. Петровец |
ПОВРШИНА | 400м2 |
ДАТУМ НА ИЗВЕДБА | 2001-2002 |
КОНСТРУКЦИЈА: Осното растојание на модулите е 5м во подолжен и 6м во попречен правец. Главен а.б. А-носач кој премостува распон од 16 метри во попречен правец, а во подолжниот правец е поставен да премостува распон од 5 метри. Објектите се проектирани како монтажна армиранобетонска конструкција систем „Карпош”. Конструктивните елементи: темели, столбови, носачи и рожници се монтажни, армиранобетонски. По монтажата на армиранобетонските темели, армиранобетонскистолбови се поставуваат во чашките по што врската темел-столб се монолитизира со залевање на спојот со ситнозрнест бетон МБ-30 со максимално зрно на агрегатот д=16мм. На тој начин е обезбедено вклештувањето на столбовите во темелите. Армиранобетонски греди во попречен и во подолжен правец се слободно потпрени на краевите, односно е поставено ограничување на почетокот и на крајот на гредата да биде ослободена од појава на пресечни сили-нападни моменти (формирана е зглобна врска на местото блиску до столбот). Армиранобетонски подолжни греди налегнуваат со ребрата во посебно изработени жлебови на столбовите. Меѓу себе подолжните греди се поврзуваат со заварување на арматура и со изработка на тн. “мокра” врска односно со залевање на врската. Подолжните греди се поврзуваат за столбовите со болтови кои се сместени во посебни отвори оставени во носачот и во столбот. Главните армиранобетонски носачи налегнуваат врз столбовите односно подолжните армиранобетонски греди и меѓу себе се поврзуваат монолитизираат со мокри врски. Затворањето на објектот е со монтажни армиранобетонски фасадни платна кои се прицврстуваат за столбовите со заварување за челични плочки кои се оставени по висина на столбовите.