Макошпед – Скопје

ИНФО ЗА ПРОЕКТ

ИНВЕСТИТОР „Макошпед” - Скопје
НАМЕНА Магацински простор
ЛОКАЦИЈА нас.Маџари - Скопје
ПОВРШИНА Халата е со димензии 20.5м/60.4м или површина од вкупно 1238.2 м2.
ДАТУМ НА ИЗВЕДБА 2001 година

КОНСТРУКЦИЈА: Осното растојание на модулите е 12м во подолжен и 6м во попречен правец. Објектите се проектирани како монтажна армиранобетонска конструкција систем „Карпош”. Конструкцијата на објектот е составена од армиранобетонски попречни и подолжни рамки кои формираат просторна рамка составена од армиранобетонски столбови 50/40, 40/40 см. и армиранобетонски попречни и подолжни гредни носачи со Т-пресек. Во попречен правец поставени се главните носачи, армиранобетонски лаци со затега поставени на секој 3м, врз кои се поставуваат армиранобетонски коруби. Од горе се поставува челичен трапезоиден лим. Сите врски се монолитизираат со мокра врска – ситнозрнест бетон МБ30.