Патен мост Струмица

ИНФО ЗА ПРОЕКТ

ИНВЕСТИТОР Општина Василево - Струмица
ОБЈЕКТ Патен мост преку р.Турија
ЛОКАЦИЈА с.Добрашинци, Струмица
ДАТУМ НА ИЗВЕДБА 2006 год.

КОНСТРУКЦИЈА: Објектот е проектиран како армиранобетонска конструкција со еден распон и вкупна ширина Б=7,10м. (2џ2,75м.+2,0,80м.) Носивата мостовска конструкција од горниот строј е предвидена како полумонтажна плочеста конструкција изработена во две фази:

Фаза I – Во првата фаза е предвидена изработка на олеснети плочести елементи од атхезионо преднапрегнат бетон со должина Л = 15,00м. и со дебелина од 45цм. Конструкцијата ја сочинуваат четири плочести елементи со ширина од 150цм изработени од марка МБ-40 и марка на мраз М-100. За смалување на сопствената тежина на конструкцијата, предвидено е олеснување на плочестите елементи со вградување на три пластични цевки Ø250 за еден елемент. Преднапрегањето на плочестите елементи се врши со јажиња од патентирани и стабилизирани жици со Ø12,50мм. со квалитет на јажиња за преднапрегање 1670/1860. Армирањето на олеснетите плочести елементи со незатегната арматура е извршено конструктивно и тоа подолжна ребраста арматура од РА – 400/500-2 и попречна глатка арматура во вид на узенгии од ГА 240/360.

Фаза II – Опфаќа бетонирање на дел од носивата конструкција по монтажа на атхезионо преднапрегнатите елементи. Со дополнителна арматура и добетонираната плоча со дебелина од 20цм. се изврши монолитизација на монтажните елементи и нивно поврзување во една целина – плочеста конструкција. Со примена на монтажни олеснети плочести елементи од атхезионо преднапрегнат бетон се избегнува употреба на скеле со што се постигнува рационализација и премостување на усвоеното осно растојание меѓу столбовите со минимална висина.