ИНФО ЗА ПРОЕКТ
ИНВЕСТИТОР | „СИГМА ОИЛС” - СКОПЈЕ |
---|---|
ОБЈЕКТ | Магацински и производствен простор со управен дел |
ЛОКАЦИЈА | Источна индустриска зона, нас.Маџари |
ПОВРШИНА | 390 м2 |
ДАТУМ НА ИЗВЕДБА | 1995 |
КОНСТРУКЦИЈА: Објектот е проектиран како монтажна армиранобетонска конструкција систем „Карпош” составена од префабрикувани армиранобетонски елементи. Производниот дел е со димензии 12.60/18.80 и висина 4м. Осното растојание на модулите е 6м во двата правци. На монтажни армиранобетонски темелни стопи се потпираат монтажните армиранобетонски темелни греди во кои налегнуваат фасадните платна. Во армиранобетонските чашки на темелите се поставуваат армиранобетонски столбови со пресек 40/50, по што врската темел-столб се монолитизира. На тој начин е обезбедено вклештувањето на столбовите во темелите. Армиранобетонските подолжни греди налегнуваат со ребрата во посебно изработени жлебови на столбовите. Подолжните греди се поврзуваат меѓу себе со заварување на арматурата и со залевање на врската. Главните армиранобетонски носачи налегнуваат врз столбовите, односно подолжните армиранобетонски греди и се поврзуваат меѓу себе, односно се монолитизираат со мокри врски. Затворањето на објектот е со армиранобетонски сендвич фасадни платна д=15см (термоизолирани) кои се поставуваат во шлицови во темелните греди, при што врската темелна греда – фасадно платно повторно се монолитизира. Управниот дел е изведен од префабрикувани бетонски елементи меѓусебно споени и залиени со ситнозрнест бетон. Над управниот дел се изведува потпокривен простор.