Чеза Комерц – Скопје

ИНФО ЗА ПРОЕКТ

ДАТУМ НА ИЗВЕДБА 2000 година
ИНВЕСТИТОР „ЧЕЗА - КОМЕРЦ” - Скопје
НАМЕНА Магацин за прехранбени и трговски производи
ЛОКАЦИЈА Предметната локација се наоѓа во непосредна близина на магистралниот пат Скопје - Куманово, од јужната страна пред надвозникот на клучката до хотелот „Белви”, нас.Илинден.
ПОВРШИНА 7654м2

КОНСТРУКЦИЈА: Објектот е проектиран како триброден монтажен тип „Карпош”, со среден распон од 16м и со крајни распони од по 12м, од префабрикувани монтажни елементи: армиранобетонски стопи, темелни греди потпрени врз темелни стопи, на кои налегнуваат фасадни платна. Во стопите се монтираат армиранобетонски столбови, врз кои налегнуваат Т-носачи и главни покривни носачи. Фасадната обвивка е од сендвич фасадни платна со следните слоеви армиранбетон, стиропор и армиранбетон како носив слој. Фасадните платна во долната зона налегнуваат на темелните греди,а во горната зона се заваруваат за столбовите и врската се монолитизира. Подолжните Т носачи со кои се укрутува објектот се со должина л=5м, и л=10м. Преку главните носачи се поставуваат армиранобетонски рожници кои го носат кровниот покривач (сендвич лим). Сите врски се монолитизираат со ситнозрнест бетон.