Зошто да го изберете „Белведере ресорт“
Уникатен поглед кoн Скопје и околината
Од прозорецoт или балконoт на вашиот дом имате прекрасен поглед кон урбаната околина, околните скопски планини, како и кон целата Скопска Котлина, од Сарај па сè до Петровец.
Безбедност и удобност
До објектите и до гаражите се доаѓа преку сопствен пристапен пат, сместен во зелен појас кој го изолира комплексот и го прави поинтимен и побезбеден. Апартманите се директно поврзани со гаражите преку лифтови и скали. Комплексот обезбедува современо домување во комфорен и интимен простор, кој одговара на вашите потреби. Прекрасната природа што го опкружува „Белведере ресорт“ ви нуди можност за долги прошетки и за рекреација.
Јавни содржини
Комплексот е сместен во непосредна близина од максимум 10 минути возење до строгиот центар на градот, близу трговски објекти како „Сити мол“ и пазарот „Тафталиџе“, амбуланти, болници, училишта и универзитети, како и многу спортски и рекреативни простори и објекти.
Во статички смисол објектот преставува армирано-бетонска скелетна конструкција составена од армирано-бетонска ранки ортогонално поставени меѓу себе. Армирано-бетонските рамки се формирани од столбови и ригли.
Според правилникот за градење објекти во сеизмички подрачја објектот има столбови со димензии 50х50цм греди со димензии 40х45цм и плочи со дебелина од 15цм. Сите овие конструктивни носиви елементи се армирани со високо квалитетен челик РА400/500 и се изведени со марка бетон МБ-30.
Објектот е третиран да може да издржи земјотрес кој што се појавува една на 500 год. (Скопски Земјотрес) на 9-ти степен од Меркалиевата сеизмичка скала. Бидејќи објектот се наоѓа на косина од теренот, во неговиот заден дел се предвидени амрирано-бетонски зидови за да може да го издржат земјениот притисок.
Исто така како дополнителна сигурност на објектот во однос на косината на теренот под неговите темели се изведени армирано-бетонски колови, вкопани и до 12м во внатрешноста на тлото.
Сите погоре опишани мерки ја гарантираат статичката стабилност на овој објект но и неговата висока отпорност на земјотресни влијаниа и било каква дестабилизација на околниот терен.
ИНФО ЗА ПРОЕКТОТ
Инвеститор | ИМВЕНТА ДОО-Скопје |
---|---|
Адреса | ул.Московска бр. 30/9 Скопје,Македонија |
Површина | 450.000 m2 |
Година на завршување | 2015/Декември |
Вебстрана | www.belvedereresort.mk |